| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме зафати поголем дел од Хрватска

невреме
По неколку натпросечно топли денови, поројни дождови, проследени со грмотевици, силен ветер и град рано изутринава ја зафатија речиси цела Хрватска.
Град со големина на лешник и пороен дожд особено го погодија подрачјето на Карловац, а во градот се урнати неколку дрвја и поплавени се повеќе улици.
Во предградијата на Карловац поради паѓањето на дрва и гранки врз електроинсталацијата имаше пркеин на дотокот на електричната енергија, а поради невремето беа разурнати и неколку покриви.
Во тек е санкација на штетата, а на терен се рапосредени противпожарни тимови.
Црвен аларм е прогласен за подрачјето на Истра и северниот дел на Јадранот поради што граѓаните треба да бидат мошне внимателни, бидејќи ситуацијата е опасна по животот, а можни се и големи штети и незгоди.
Невремето предизвика и проблеми во сообраќајот во други депови на земјата, вклучувајќо ги Загреб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top