Српските медиуми објавуваат дека во текот на ноќта српската полиција во центарот на Белград нашла уште три вакви летала кои, наместо знаме, можеле да донесат до стадионот и експлозивна направа.
Според процените на стручните лица од специјалната српска полиција, ваква направа може да подигне до 100 грама пластичен експлозив и да предизвика трагедија од несогледливи размери, човечки животи и голема материјална штета.
По најавите од српската полиција дека пред, за време и по натпреварот нема да може ни пиле да прелета, се случи обратното. За време на натпреварот на стадионот биле присутни и високи државни функционери меѓу кои и претседателот на Србија Томислав Николиќ. На стадионот, и покрај тоа што имаше повеќе од 4.000 полицајци и околу 30.000 гледачи, беспилотното летало донесе само знаме, но можеше да донесе и експлозивна направа.
Утре во Белград е закажана воена парада по повод 70 години од ослободување на градот од фашизмот во Втората светска војна. На оваа парада е најавено присуство и на рускиот претседател Владимир Путин, па поучени од инцидентот што се случи синоќа, полициските власти уште повеќе ја зајакнуваат безбедноста низ улиците на Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот
-
Амнестија за периодот на војната, дел од договорот меѓу Косово и Србија