Сите корисници на интернет барем еднаш при пребарувањата ги впишале симптомите на болеста, која ја чувствуваат. Раководството на Гугл, свесно за овој факт им понуди на корисниците можност да разговараат со вистински лекар преку видео врска.
Овој сервис се уште е во фаза на развој, но главната идеја е секој кој ќе впише некој симптом, да добие можност да разговара со лекар. Со кликањето ќе се активира видео повик и ќе добиете слободен лекар, со кој можете да се посоветувате околу својот проблем.
Разговорот е дел од поголем сервис, кој се вика Хелпоутс и вклучува експерти од различни области, кои можете да ги прашате за некој совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



