Што би се случило кога мажите би ги користеле „Гугл” очилата. Видеото го прикажува првиот состанок на момче со девојка, на кое момчето со помош на очилата симултано ги „гугла” сите интереси на девојката. Тој „гугла” на нејзиниот Фејсбук профил, и глуми дека имаат исти интереси. Се оди супер, се додека не се вмеша неговиот пријател Сири.
„Гугл” очилата ќе им овозможуваат на корисниците да издаваат гласовни наредби. Ќе биде овозможено и испраќање поради и уредување на фотографии со помош на глас. Најавено е дека на пазарот ќе се појават до 2014 година, а ќе се продаваат по цена од 1.500 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.