| четврток, 6 декември 2018 |

„Филип Патек“ со нов часовник од 2,6 милиони долари

Grandmaster Chime

Grandmaster Chime

Швајцарскиот производител на часовници „Филип Патек“, ја одбележа 175 -годишнина со часовник вреден 2,6 милиони долари , кој претседателот на компанијата Тиери Стерн го покажа во своето седиште.

Часовникот , кој го носи името „грандмастер чим“ (Grandmaster Chime), е од 18-каратно злато и со сафири. Ова е најскапиот часовник на Патек. Часовникот има две лица – едно што го покажува времето, а другото претставува календар. Куќиштето се врти врз вертикална оска, за да може сопственикот на часовникот да ги менува двете лица.

Во „грандмастер чим“ има шест нови патенти , како и вкупно 20 компликации или функции. Општо земено, колку повеќе компликации има еден часовник, толку е поголема неговата цена . Ќе бидат произведени едвај седум такви часовника , а „Патек“ ќе го задржи едниотод нив , кој ќе остане во приватната колекција на компанијата во Женева .

Видете уште пет часовници, кои можат да си ги дозволат само милијардери.

Ова е еден од најпознатите – забавни часовници за луѓе со големи финансиски можности. Дизајнот има впечатлива сличност со жаба, двете куполи од кристал и алуминиум ги претставуваат нејзините очи. Цената му е околу 100 илјади  долари.

MB&F HM3 Frog

MB&F HM3 Frog

На овој часовник работеле тројца од најпознатите часовничар во светот. Цената му е импресивна, околу 400 илјади  долари.

Maiters du Temps Chapter One

Maiters du Temps Chapter One

Ова е часовникот со најсложен механизам кој се продава во моментов . Еден од најлуксузните и чини повеќе од 400 илјади  долари.

Jean Dunand Palacе

Jean Dunand Palacе

Овој модел се произведува само во ограничени количини и чини околу 600 илјади  долари.

A. Lange & Sohne Tourbograph Pour le Merite

A. Lange & Sohne Tourbograph Pour le Merite

„Скај мун турбилион“ е исклучително редок и поради тоа нема одредена цена за продажба. Од „Филип Патек“ годишно изработуваат една до три копии од моделот и тоа по нарачка. Просечната цена на секој од нив околу 1,8 милион долари.

Patek Philippe Sky Moon Tourbillon

Patek Philippe Sky Moon Tourbillon

Но не секој што може да си дозволи 2,6 милиони долари за часовник, може да се здобие со „грандмастер чим“. Купувачите треба да аплицираат за да купат некој од часовниците , освен тоа ќе треба да ја докажат и страст кон марката „патек“ пред  претседателот на компанијата.

– Би сакал да зборувам со клиентот и да се уверам дека е љубител на часовниците и дека ќе се радува на часовникот во текот на многу години – вели Стерн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top