| четврток, 6 декември 2018 |

Пејачката ја силувал менаџерот?!

kesha-2Пејачката Кеша ја шокирала јавноста со соопштението во кое навела дека  десет години трпела емотивно, физичко и на крај сексуално злоставување од страна на својот менаџер Готвалд, познат како Доктор Лук.

Таа во соопшението навела дека ја тепал и сексуално ја злоставувал, а ја терал и да пие и да зема дроги. Сите тие пороци и предизвикале на пејачката пореметување во исхраната  и како последица на тоа на почетокот на годината завршила на лечење.

Менаџерот во самоодбрана тврди дека сето тоа е измислица. Неговиот адвокат Кристин Лепера изјавила – „Ова е само продолжување на нејзиното токсично однесување. Сигурна сум дека мојот клиент поради овие нејзини глупости ќе добие голема отштета“.

За нивните несогласувања е објавено уште на почетокот на годинава, кога Кеша отишла на лекување поради пореметување во исхраната. Тогаш нејзината мајка јавно изјавила за магазинот „Пипл“ и го обвинила менаџерот дека е тој крив за нејзината здравстена состојба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top