| четврток, 6 декември 2018 |

Кој се вработил преку Саемот за вработување ќе се знае за еден месец

saem1

Тој истакна дека секој кој присуствувал на Саемот за вработување ќе бдие известен по електронски пат дали неговите квалификации одговараат со барањата на некој од работодавачите кои беа дел од саемот.

– Многу невработени луѓе имаа можност да поднесат си-ви, да аплицираат за работа да пораговараат со работодавачите или претставниците на тие компании да видат што се бара и што се нуди. Саемот го завршивме со една групна мотивациона обука како да се бара работа, што треба да се направи, и се надевам дека на крајот од сета оваа работа после месец дена ќе имаме успешни приказни, бидејќи околу 30 дена им се потребни на компаниите да направат избор од големиот број на биографии, да ги одберат најдобрите и да направт со нив договори за вработување – истакна Поповски.

Мотивационата обука ја држеа најпознатите обучувачи за барање на работа Зоран Костовски и и Ранко Безар од  друштво за менаџмент консалтинг  „Мотива“.

На Саемот за вработување повеќе од 80 домашни и странски компании имаа свои штандови, а лицата кои бараат работа добија можност директно со нив да поразговараат за можностите кои ги нудат истите.  Овој настан е и дел од владината програма за намалување на невработеноста.

Следниот Саем за вработување ќе биде во Неготино на 24.октомври, а вакви саеми ќе се одржат и низ сите поголеми градови низ Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top