Основачот на социјалната мрежа Фејсбук Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан, објавија денеска на социјалната мрежа дека донирале 25 милиони долари за центрите за контрола и превенција на болести за помош во борба против еболата.
– Епидемијата на ебола го достигна критичниот момент. Од вирусот досега се заразени 8.900 луѓе, но болеста брзо се шири и се верува дека за неколку месеци, доколку ништо не се преземе во борбата против болеста, би можела да зафати милион луѓе и повеќе – наведе Цукерберг.
Тој истакна дека е потребно, во кус рок, вирусот на ебола да биде ставен под контрола, за да не се шири повеќе и да прерасне во светска здравствена криза против која ќе мора да се бориме со децении, како што е ХИВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.