Натпреварот Србија-Албанија е прекинат затоа што беспилотно летало носеше политичка порака што предизвика судир на теренот во кој учествуваа и играчи и навивачи на стадионот на Партизан, јави „Би-Би-Си“.
Британскиот сервис пренесува дека албанското знаме, кое носело политичка порака (симбол на Голема Албанија) летало над теренот и дека го спуштил на земја српскиот играч Стефан Митровиќ.
„Албанските фудбалери се обидоа да го преземат пред да влетаат неколку навивачи на терен. Англискиот судија Еткинсон ги извади играчите надвор од терен, а по 30 минути УЕФА потврди дека натпреварот е суспендиран“, пишува „Би-Би-Си“.
Британски „Гардијан“ пишува дека леталото предизвикало голем инцидент, без да заземе нечија страна.
„Политички чувствителниот натпревар од квалификациите за ЕП 2016 е прекинат по судирот на играчите на двата тима поради знаме. Натпреварот беше прекинат кога знаме на таканаречената Голема Албанија летало над стадионот и над теренот на нешто што личи на мало беспилотно летало. Српскиот фудбалер потоа го зграпчи знамето и ги предизвика лутите реакции на албанските играчи по што следуваше близок контакт. Полицијата влета на терен, но и навивачи“, пишува „Гардијан“.
За инцидентот пишува и шпанска „Марка“.
„Натпреварот е прекинат поради закана од судир на играчите од двата тима, активирање на пиротехнички средства на трибините и обид за инвазија на навивачите на теренот“.
Весникот потсетува дека натпреварот носел висок ризик поради политичките тензии меѓу двете земји.
Италијанска „Газета дела спорт“ пишува за инцидентот под наслов „Хаос и инциденти“.
– Тензија, политика и фудбал само во заднина. Беше познато дека натпреварот ќе биде посебен предизвик за сите, поради што беше забрането присуство на гостински навивачи. Сепак, тоа што се случи во Белград ги надмина сите очекувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја


