| четврток, 6 декември 2018 |

Делови на Скопје без струја, Добри Дол без вода

Без вода утре од 8 часот па се до завршување на дефектот ќе останат корисниците од село Добри Дол.

strujaКако што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради поради чистење на резервоар во село Добри Дол. Од таму јавуваат и за прекин во снабдувањето со струја.

Без струја утре од 8 до 15 часот заради технички зафати во електро-системот ќе останат дел од улицата „Перо Наков“ и улиците 510, 511 и 1471. Од 9 до 12 часот без електрична енергија  часот ќе останат фирмите Анастасијадис и Интергрос во Визбегово, од 8 часот и 30 минути до 16 часот селата Долно, Средно и Горно Коњаре, Дивље, Сушица, Живиње, Чифлик и фирмата Алем Компани и без струја од 9 до 15 часот и 30 минути ќе останат дел од корисниците од село Кучково и улиците 1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top