| четврток, 6 декември 2018 |

Дијамантски накит буквално од саканите

дијамант 1Алгорданза е компанија која открила уникатен начин за оддавање почест на покојниците и чување на споменот за нив. Компанија која се занимава со дијамантски накит нуди можност остатоците од саканите по кремирањето да ги претворите во дијаманти и така секогаш да бидат со вас.

дијамант 2Изработката на дијамантите почнува со хемиски процес со кој од пепелта на покојниот се вади јаглеродот. Тој се загрева додека не се претвори во графит, кој пак повторно со загревање на 2700 степени не се претвори во дијамант. Бојата на дијамантите се движат од темно сина до бела, а почетната цена е 4259 швајцарски франци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top