| четврток, 6 декември 2018 |

Бомбардирани позициите на ИД, курдските борци го зазеле ридот Тел Шаир

avioniСАД и коалицијата денеска извршија неколку воздушни напади врз позиции на групата Исламска држава во северниот и во источниот дел на Сирија, соопштија сириски и курдски извори. Нападите биле насочени, главно, врз цели во градот Кобане, каде што биле убиени активисти на ИД. Напади се извршени и врз градот Мајадин, при што била запалена нафтена рафинерија. Курдски борци, кои го штитат Кобане, го зазеле ридот Тел Шаир, од каде што се гледа градот, и го симнале знамето на џихадистичката група од него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top