| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа денес ѕвездата од „Касандра“ (ФОТО)

Се сеќавате сите на популарната Кораима Торес? Ако не ви звучи познато името, тогаш Касандра е вистинскиот збор кој веднаш ќе ви ја разјасни дилемата.

касандар

Денес Кораима Торес има (41) година, а домашната публика ја запозна во 1997 година во улогата на циганката Касандра. По нејзината улога во серијата, некако како да ја снема од малите екрани, но тоа е само на Балканот. И покрај тоа што нема некоја значајна улога во некоја следна серија, сепак таа ужива во популарноста. Живее во Богота, фановите од Балканот можат да ја следат преку нејзиниот профил на „Твитер“, на кој редовно објавува фотографии. Касандра сѐ уште е онаа старата.

касандар 2

Во 1996 година на снимањето на една серија се запознала со сегашниот сопруг Николас Монтеро и оттогаш се во брак. Тие го имаат синот Мануел Николас, а според фотографиите, Касандра изгледа уште подобро од тинејџерските денови.

касандар 3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top