Кораима Торес е најпозната по улогата во серијата „Касандра“. Таа имала само 19 години кога ја добила улогата во оваа мегапопуларна теленовела и не ни сонувала дека поради неа ќе стане една од најпознатите латино актерки на сите времиња.
Денес има 43 години, а може да се каже дека изгледа подобро од било кога, најмногу поради физичката активност.
Актерката од Венецуела и понатаму е активна во теленовелите, но кариерата ѝ е во втор план откако засновала семејство. Таа е во 20 години долг брак со колумбискиот актер Николас Монтеро со кој го добила синот Ману.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.