| четврток, 6 декември 2018 |

Најуспешна туристичка сезона во Дојран

dojran-17

Зголемен број на туристите за околу 40 отсто во однос на лани, реализирани 175 илјади ноќевања и остварен приход од туристичка такса од 1,8 милиони денари само до крајот на август, се официјалните податоци и бројки за најуспешната туристичка сезона во Дојран во изминативе десет години. Најдобар показател за оваа констатација е само податокот дека приходот од туристичката такса е сума која лани била собрана во текот на сите 12 месеци.

dojran-18

– Она што посебно нѐ радува е тоа што, освен нашите туристи, имаме забележано пораст на странски туристи, претежно од Србија, кои на пат кон Грција цело лето минуваат транзит низ Дојран и, што е многу важно за нас, беа присутни во „мртвиот“ туристички период, почетокот на јуни и на септември – изјави градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов.

Од локалната самоуправа посочија дека Општината работи на нови проекти за изградба на велосипедски и пешачки патеки долги над 30 километри, кои ќе ги привлечат инвеститорите за градба на нови сместувачки капацитети и ќе го направат Дојран да биде атрактивен и надвор од главната туристичка сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top