Двајца Срби од Швајцарија допатувале во Белград да го гледаат натпреварот Србија – Албанија и да присуствуваат во четврток на воената парада во престолнината на која ќе присуствува и Владимир Путин.
Лазар и Озрен се Срби кои живеат во Швајцарија и кои купиле карта за натпреварот уште во март. Тие се шетаат низ центарот на Белград од раните утрински часови облечени во националните одбележја на Србија и пријателството на Русија и Србија.
Нив ги забележаа српските репортери кои анкетираат навивачи во центарот на Белград. Тие одговорија на неколку прашања, а најинтересен беше одворот на прашањето, што ќе се случи ако сретнат навивачи на Албанија кои сепак инкогнито веќе се наоѓаат во Белград?
– Па ако сретнеме навивачи на Албанија ќе не има во сите вести – одговори Лазар
Озрен беше посмирен во изјавите и кажа дека нема да се случи ништо.
Сепак како наближува натпреварот кој се игра денеска во 20.45 на стадионот на Партизан тензиите растат и од двете навивачки страни, со објавување фотографии од центар на Белград и доказите дека албанците подржани од косовски навивачи сепак ќе се обидат да влезат на стадионот бидејќи веќе имаат уредно купено карти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил