| четврток, 6 декември 2018 |

Што појадуваат децата ширум светот

Healthy-Eating

Кај нас на малите деца за појадок им се даваат пржени јајца или лепчиња намачкани со путер или нешто слично, а еве што појадуваат децата во светот.

Јапонија
Вообичаен појадок во Токио на пример е ферментирана соја, т.е. јадење кое се вика нато. Ова јадење нема многу пријатен мирис и потсетува на конзервирана храна за мачки. Традиционален јапонски појадок исто така е ориз, слатко саке, но и омлет од јајца и лосос.

Турција
Малите деца во Турција за појадок јадат мед или кајмак, намачкан на тост. За појадок често им се служат и маслинки, а на утринското мени можат да се најдат и пржени јајца со колбаси, путер, варени јајца, мармалад, сирење, млеко или сок.

Франција
Малите Французи главно појадуваат овошје, путер или џем, житарки со млеко. На маса наутро задолжително имаат свеж исцеден сок. Исто така, децата во Франција понекогаш за појадок јадат кроасани, пишува Њујорк тајмс.

Исланд
Во Исланд децата главно појадуваатт овесна каша, која тука се вика хафраграутур. Кашата се вари во вода или млеко и често се служи со кафен шеќер, путер, овошје или кисело млеко. Исто така, на децата често им се дава и рибино масло, посебно со оглед на тоа дека на Исланд во годината нема многу сонце, за да внесат доволна количина на витамин Д.

Холандија
Во Холандија, вообичаен појадок за децата е чаша млеко, несолен путер намачкан на леб, со слатки трошки, кои можат да се најдат во неколку различни вкусови на чоколадо, ванила или овошен вкус.

Бразил
Децата во Бразил за појадок најчесто прават сендвичи со шунка и сирење, или само со путер. Додека на децата за појадок им се дава главно чоколадно млеко, некои родители на своите деца им даваат млеко помешано со кафе, бидејќи сметаат дека тоа им помага подобро да се концентрираат во училиштата и дека нивниот организам ги добива потребните антиоксиданти и витамини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top