Државниот земјоделски инспекторат конфискувал 87 тони увезено вештачко ѓубриво со лош квалитет кое не одговара на декларацијата, кое потекнува од Србија, а увозник е фирма од Велес, информира денеска директорот на Инспекторатот, Румен Стаменов. Тој предочи дека доколку вештачкото ѓубриво завршело кај земјоделците, ќе предизвикало голема економска штета.
– Квалитетот на вештачкото ѓубриво отстапува за 75 проценти. Тоа нема да се уништи, ќе биде употребено во битолската затворска економија. Не е штетно, но поради лошиот квалитет, наместо една, корисникот ќе треба да употребува по три вреќи – рече Стаменов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.