Почнаа градежните работи со кои ќе се подобри атмосферската мрежа под стоковната куќа „Мост“ на булеварот „Гоце Делчев“. Градот спроведува активности на терен за справување со поплавите кои настануваат поради поројните дождови. Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, информира дека ќе се решат проблемите на сите црни точки во Скопје.
Вкупната инвестиција за решавање на проблемите на вкупно 10 критични места е околу 2 милиони евра.
Упатен е и апел до сите градоначалници од Скопје да почнат со лоцирање на критичните точки на локалните улици на кои има проблеми за да почнат да се прават атмосферски канализации, кои, пак, треба да се приклучат во главните колектори.
Фото: И. Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








