Кога реалноста би била поинаква и кога најмладите би може да ги изберат нивните родители, би ги избрале оние кои се вклопуваат во сликата на совршено семејство, секогаш во добро расположение и родители кои никогаш не се караат.
Финска хуманитарна организација „Фраџил чајлдхуд“ (Fragile Childhood) ги покажа соништата на децата. Во ова видео се напуштени деца, кои детството го минуваат во сиропиталиште, но фантазијата за идеално семејство никогаш не ги напуштила.
Неодамнешно истражувања во Финска покажа дека голем број деца на возраст од 12 до 18 години се соочуваат со родители кои се алкохоличари, токму тие деца изјавиле дека најмногу сакаат нивните родители секогаш да се трезни.
Кампањата треба да нѐ потсети уште еднаш на напуштените деца, кои не треба да бидат заборавени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



