| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите се секогаш во право!

Навивачите на трибините се тие што остануваат со клубот во добро и во лошо. Само тие знаат какво е нивното чувство. Има и лоши и добри моменти кои остануваат врежани во нивните срцата. Сите што се подржувачи на еден клуб знаат што значи да си навивач.
Играчите се минлива работа, некои ќе остават длабока трага, некои ќе си заминат незабележано. Таков е примерот и со бразилскиот фудбалер во редовите не Интер Жуан Жезус.
Тој имаше неколку конфронтации со најжестоките навивачи на миланскиот клуб. По срамниот пораз на гостувањето во Фиренца против Фиорентина, тој на својот твитер профил ги поздрави навивачите кои тешко дека ќе го преболат поразот и слабата игра на фудбалерот.

– Поздрав со сите. Што и да се случи мора сите да се држиме заедно – порача Жезус.

Тоа ги разгневи навивачите кои му порачаа:

– Што и да се случи ти ќе ја земеш својата плата. Разбуди се и почни да играш фудбал – му одговори еден гневен симпатизер.

И по многуте негативни коментари кон постот на Бразилецот, тој се дрзна да одговори и да се „вади“ за лошата форма.

zuan zesus

– Гледам дека ти лесно би победил. Ајде да ги замениме местата. Ќе ти ја дадам мојата плата и мојот живот, па ти победувај како од шега. Ти не знаеш како јас се чувствувам кога губам, па макар и со пола гол разлика. Завршија ти својата работа како навивач, а јас својата како фудбалер – порача Жезус.

На овој одговор од фудбалерот уште повеќе ги разгневи подржувачите на Интер, по што тој се повлече и не продолжи со одговорите.

Пораката е, никогаш не се расправај со навивачите, тие секогаш се во право!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top