| четврток, 6 декември 2018 |

Мохамед Али, можеби, нема да го дочека следниот Божик

Седумдесет и двегодишниот Мухамед Али, кој со години води битка со Паркинсоновата болест, моментално е во многу лоша здравствена состојба и поради тоа не може да отиде на премиерата на филмот „Јас сум Али“, во кој се раскажува неговата животна приказна.

Легендарниот боксер речиси ја загубил моќта на говорот. Неговиот брат Рахман на премиерата на филмот „Јас сум Али“, на која Мухамед не можеше да присуствува, рече дека одамна не зборувал со својот брат.

– Долго не сум зборувал со него бидејќи тој одвај може да зборува. Многу е болен, но среќен е што ние, членовите на неговото
семејство, дојдовме на премиерата на филмот што зборува за него. Го благослови снимањето на овој филм и многу се гордее – изјави 71-годишниот Рахман. Здравствената состојба на Мухамед Али се влоши во јануари, а неговиот син Али Јуниор изјави дека, можеби, нема да го дочека следниот Божик.

Muhammad-Ali-Ailing-Reports-Not-True-Boxer-Has-Super-Bowl-2013-Party

Мухамед Али беше прогласен за најдобар спортист на 20 век од „Билд и спортс илустрејтед“. „Би-Би-Си“ го нарече личност на векот.

Беше трикратен боксерски шампион во тешка категорија и освојувач на златен олимписки медал. Роден е како Касиус Марлеус Клеј, но во 1964 година ги смени верата и името.

Многу кратко по завршувањето на боксерската кариера, во 1982 година е утврдено дека боледува од Паркинсонова болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top