Иако овогодишното лето не ни изгледаше така, но 2014 година на глобално ниво ќе биде најтоплата година откако се мери температурата.
Според НАСА, септември бил најтопол досега. Овој податок продолжува да ги урива температурните рекорди оваа година. Досега, според евиденцијата, најтопли биле мај и август, но доколку продолжи вака, целата 2014 година би можела да биде најтопла откако се води евиденција за овие податоци.
Климатолозите се едногласни дека иако овие податоци се многу важни, се само еден дел од сложувалката, што укажува на долгорочен тренд на затоплување.
Во последните неколку месеци имаше импресивен пораст на температурата во големи делови на Пацификот и на Индиски Океан, и тој одигра голема улога во водење висока температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


