| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Бекам: Образование + уметност = иднина без СИДА

Викторија Бекам - слика од Твитер

Викторија Бекам – слика од Твитер

Две  недели откако стана јасно дека Викторија Бекам стана амбасадор на добра волја на ОН за проблемите со СИДА, дизајнерката отпатува во Јужна Африка за една од своите први мисии.

Во неделата Викторија објавила слики од предградието на Јоханесбург, Совето, на кои се гледа дека таа е во друштво на група млади жени. На друг кадар, пак, сопругата на Дејвид Бекам го покажа својот уметнички талент, цртајќи графити за добротворни цели. Образование + уметност = иднина без СИДА, е пораката на поранешната пејачка.

Минатиот месец госпоѓа Бекам на прес-конференција во зградата на ОН во Њујорк изјави дека за неа е чест да биде амбасадор на кампањата UNAIDS. Дизајнерката, која не присуствуваше на отворањето на својата продавница во Лондон за да биде на оваа средба, сподели уште дека нејзиниот публицитет значи дека таа е обврзана да направи повеќе за здравјето на жените.

Викторија се инспирира да работи во оваа насока по неодамнешната посета на Јужна Африка. Потоа таа се сретна со деца кои настрадале од смртоносната болест. Модната дизајнерка го посети Кејптаун во февруари како дел од иницијативата „Родени слободни“, која се бори против пренесувањето на ХИВ од мајка на дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top