| четврток, 6 декември 2018 |

Ексклузивна снимка од упадот на жандармеријата во нишкиот затвор (ВИДЕО)

Генералот Братислав Дикиќ бил командант во акцијата за упад на жандармеријата во нишкиот затвор во 2006 година, акција поради која нишкото правосудство сега им плаќа оштета на претепаните затвореници од 134. 500 евра.

dikic

Српски „Блиц“ ексклузивно објави видео од упадот на нишката жандармерија во затворот на 24 ноември со цел да се загуши побуната на затворениците. Тогаш, генералот Дикиќ ја командувал акцијата и лично гарантирал дека ниеден затвореник нема да добие ќотек.

И навистина, на видеото кое по наредба на Дикиќ го снимал еден од полицајците, ниту во еден момент не се забележува примена на сила над затворениците.

zandar

Сепак, во таа акција се повредени 38 затвореници и укажана им е лекарска помош на клиниката во Ниш. Во извештајот кој го поднесува генералот, по акцијата тој ги правда повредите на затворениците со „туркање, газење и судири меѓу самите затвореници“.

И тогашнниот командант на жандармеријата Боривоје Тесиќ пробал да „се извади“ од целата ситуација наведувајќи дека не бил известен од Дикиќ дека ќе има прекумерна употреба на сила.

Заради неспроведувањето истрага за претепувањето на затворениците, нишкото обвинителство и судот мора да им платат отштета од 134.500 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top