На социјалните мрежи се појави видео од натпреварот меѓу Југославија и Албанија одигран во 1967 година во рамките на Европскиот куп на нации.
Натпреварот е одигран на стадионот на Партизан, а Југославија славеше со резултат 4-0. Два гола за Југославија дал Осман, а по еден Лазаревиќ и Спречо.
На трибините имало многу навивачи на Албанија, кои можат да се познаат по нивните албански капи – кече.
Србија и Албанија вечерва на стадионот на Партизан ќе одиграат натпревар за квалификациите за ЕП 2016 година, но на трибините нема да има гостински навивачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


