| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела во Скопје нови 33 лица заразени од жолтица

zoltica1500

Епидемијата на жолтица во Скопје продолжува. Скопскиот центар за јавно здравје регистрирал 33 нови случаи за изминатата недела. Со тоа вкупната бројка се искачи на 264. Меѓу новозаболените, според информации на „Здравство 24“ има од сите возрасти. Заразени се и неколку мали деца што не одат во градинка туку жолтица добиле од лични контакти.

Има и основци и средношколци, но по еден случај во училиште, што според епидемиолозите е добро. Тоа значи дека жолтицата не се шири низ училиштата. Ја има во сите скопски општини, а најмногу се регистрирани во Шуто Оризари.

Епидемилозите велат дека ова е тивка епидемија и нема зголемување на бројот во однос на изминатите недели. Ја следат состојбата на терен, како и спроведувањето на мерките за превенција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top