Единици на Иранската републиканска гарда активно се бореле во БиХ на страна на владата на БиХ, посочуваат новите објавени документи од Претседателската библиотека на Бил Клинтон од Арканзас, а кои ги пренесоа босанските медиуми.
Во документ на Комисијата за надзор над разузнувачките служби, кои делуваат како советодавен орган на американскиот претседател, е наведено дека ирански елементи по потпишувањето на Дејтонскиот договор се повлекле од БиХ и дека останало само дипломатскиот персонал и иранските хуманитарни организации.
-Муџахедините и единиците на Иранската револуционерна гарда се распуштени. Стотици веќе ја напуштија БиХ по потпишување на Дејтон. Престанаа и испораките на иранско оружје и завршена е соработката на босанската влада со иранските воени и разузнувачки елементи- се наведува во документите. Се додава дека е завршена и обуката на единиците во БиХ и Иран и дека целиот ирански персонал ја напуштил земјата. Сепак понатаму меѓу редови може да се прочита дека Вашингтон нема полна доверба во тогашните босански власти во комуникацијата.
-Босанскиот претседател Изетбеговиќ даде уверување дека сите Иранци кои ги обележавме како неприфатливи, ја напуштивме земјата и дека нема да им биде дозволено да се вратат. Ние ќе ги искористиме сите средства дас е увериме дека Босанците и Иранците се продржуваат до тоа. Кога ќе ја воочиме загриженоста која ја добиваме од нашите извори и методите кои ги имаме на терен , тогаш се обраќаме до босанските власти преку заедничката комисија која е воспоставена за таа цел- се наведува во документите.
За потсетување, понатамошните случувања покажаа дека исламски екстремистички организации поврзани со Иран и други исламски елемент никогаш во целост не се повлекоа од БиХ, но тие документи се уште не се објавени.
Во објавените документи најмногу се зборува за испорака на иранско оружје во БиХ. Иако тоа никаде не е децидно наведено, од новите и старите документи може да се заклучи дека иранското оружје во БиХ станува проблем дури кога се доаѓа до заклучок дека тие елементи може да бидат опасност за американските војници во рамки на ировната мисија по потпишувањето на Дејтон.
Како и во минатите документи и во овие документи копјата се кршат околу тоа дали американската влада знаела за тајните операции на ЦИА кои почнале во 1994 по воспоставувањето на Хрватско-муслиманската федерација во Вашингтон (во што удел има амбасадорот во Хрватска Питер Галбрајт), преку која иранското оружје од Хравтска одело за босанските сили во БиХ, со премолчен договор третина од оружјето да остане за Хрватска.
Ниту во делот посветен за наводните инструкции „без инструкции“ испратени до Питер Галбрајт, стои дека САД нема став за евентуалната испорака на иранско оружје. Според Галбрајт, целата афера „без инструкции“ е дело на Ентони Лејк, советникот за национална безбедност на Клинтон, заради „пресметка“ со Ричард Холбрук.
Сепак, нема докази ниту колку Хрватска доброволно прифатила транспорт на иранското оружје, а колку тоа било дело на американската администрација која сакала да ги вооружа Босанците, но според документите на ЦИА од 1995, јасно е дека Американците неколку пати морале да ги „смируваат “Хрватите кои се заканувале дека ќе го срушат секој ирански авион кој носи оружје во БиХ.
Во Документите стои дека одлуката да се допушти испораката на иранско оружје во БиХ била исправна, бидејќи, како се посочува во документите, без тоа не би дошло до Дејтонскиот договор.
-Понатамошните случувања покажаа дека одлуката „без инструкции“ била исправна: Босанците преживеаа и почнаа контранапад, иранските и радикалните исламски влијанија драматично опаднаа по Дејтонскиот договор, а соработката со БиХ за НАТо стана израз на сила а не на криза. Денеска во БиХ владее мир, што значи нашите политики дале резултат“ се заклучува во документите, кои ги пренесуваат босанскит медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


