Стивен Стамкос ноќеска беше незадржлив и со хет-трик имаше лавовски придонес во победата на Тампа Беј против Монтреал канедиенс од 7-1. Стамкос има македонски корени и е еден од најдобрите стрелци во последните 3-4 сезони во НХЛ.
Ноќеска се играше уште еден меч од НХЛ, а Флорида пантерс го урнаа неславниот рекорд според бројот на посетители во својата арена. На дуелот со Отава присуствуваа точно 7.311 гледачи, што е најмала посета на меч на Пантерс во нивната клупска историја.
Досега наслаба посета во Флорида на хокејарски меч се случи во 2007 година против Каролина. За да биде уште полошо, неславниот рекорд Пантерс го зачини и со пораз од Отава со 0-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шведска посреќна во пенал-рултет, голманот Луквист е херојот за нова светска титула во хокеј (видео)
-
НХЛ ѕвездите дефинитивно нема да бидат дел од Зимската олимпијада во Пјонгчанг
-
Хокеарската репрезентација за заедничка Македонија: Нашите дресови се „црвено-жолти“ и такви ќе останат!
-
Џонатан Тоус е најскап хокеар во светот



