| четврток, 6 декември 2018 |

Остана сама!

bridzit jonsХју Грант нема да ја игра улогата на Даниел Кливер во новиот филм Бриџит Џонс.

Книгата се сведе на еден карактер – Бриџит Џонс, односно Рене Зелвегер која ќе биде единствената од оригиналната постава која глумеше во популарниот филм.

Хју Грант или Даниел Кливер, непрежалената љубов на Бриџит Џонс, откри дека во новиот филм  по адаптација на романот на авторот Хелен Филдинг, нема да ја репризира својата улога. „Одлучив да не ја репризирам улогата. Мислам дека и без мојот лик ќе ја снимат новата авантура“, изјавил Грант.

Колин Фирт не се откажал од проектот, тој во книгата умира и ја остава сама на себе „смешната вдовица“.

Сценариото на филмот се разликува од романот на Филдинг.

Првите два романи, „Дневникот на Бриџит Џонс“ од 1996 и „Бриџит Џонс: На ивица на разумот“ од 1999 година беа светски бестселери со изданија во повеќе од 50 земји, а 2002 и 2004 година се снимени успешните филмови со Рене Зелвегер во главна улога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top