| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Јонг Ун се појави во јавност

Веста за појавувањето на северникорејскиот лидер ја објави државната агенција KCN без притоа да го спомене неговото долго отсуство. Претходно Ким беше виден на 3 септември кога со сопругата присуствуваше на еден концерт.

Севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“ објави повеќе фотографии на кои се гледа како Ким стои со помош на стап. Тој е насмеан на фотографиите и опркужен е со неговите помошници. Облечен е, како и секогаш, со темен костум, а се потпира на црн бастун.
Ова е првпат во последниве 40 години државните медиуми да објават извештај за некоја негова активност, пренесе „Ројтерс“.
Според севернокорејскиот весник „Џинганг илбо“, кого го цитираат и француските медиуми, Ким во средината на септември бил опериран од страна на француски хирург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top