| четврток, 6 декември 2018 |

Салзбург ќе треба да исплати до еден милион евра на локални проститутки

640_31593cdd51498f8f41689eeaada64db0

Австриската провинција Салзбург ќе треба да исплати до еден милион евра на локални проститутки заради такси кои им биле наплатувани нелегално, призна денеска локалната власт. Салзбург во 2010 година воведе корисничка такса од 35 евра за медицински прегледи на професионалните проститутки во регионот. Околу 600 професионални проституки морале да прават медицински преглед секоја недела.

– Овие такси беа воведени без правна основа и ние ќе треба да им ги вратиме парите – изјави локално службено лице во етер на државната радиотелевизија ОРФ.

Мерката, воведена од претходната социјалдемократска влада, беше оспорена од страна на сопственик на голем хотел, кој нудел такви услуги. Самиот тој побарува 200.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top