– Низ Маџир маало постојат десeт улички за кои испланиравме одредени средства, кои предвидуваат изградба на коловоз, на атмосферска и na фекална канализација, улично осветлување и урбана опрема. Инвестицијата се движи од 5 до 10 милиони денари за секоја од овие улички.
Ќе се почне со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, а следна ќе биде улицата Вардарска, а како ќе се отвора фронт и градежна сезона сè повеќе ќе се навлегува низ другите улички.
-Ќе подготвиме целосна инфраструктура за новите градби веднаш да можат да се приклучат на електрична енергија, водовод, канализација… Вкупната инвестиција што ја предвидуваме е околку 100 милиони денари – истакна Тодоровиќ.
Општина Центар ќе ангажира посебно лице, архитект или правник, кое ќе им помага на жителите на Маџир маало, Дебар маало и Крњево во подготвувањето на документацијата која е нужна за добивање одобрение за градба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.