| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се одржува првиот Саем за вработување

саем

Во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи првиот Саем за вработување, на кој ќе се претстават 80 компании.

Компаниите ќе ги презентираат своите потреби од кадар пред лица што бараат работа.

На отворањето на Саемот ќе се обратат вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.

До крајот на годинава вакви саеми ќе се организираат во Неготино, Тетово, Штип, Охрид, Струмица, Куманово и во Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top