| четврток, 6 декември 2018 |

Овие жени се кошмар за Исламска држава (ВИДЕО)

Припадниците на Исламска држава прават пустош низ Сирија и Ирак  и сеат пред себе страв и смрт. Мачења, масакрирања и силувања се само дел од нивната рутина.

kurdskezeneratnice-youtube

Но има курдски жени кои не се плашат од нив. Тие не сакаат  немоќно да чекаат да паднат во рацете на ИД. Се одлучиле да се борат за своите домови, своите животи и за иднината на своите деца. Тие се курдски војници кои ги „пречекуваат“ џихадистите со бомби и калашникови.

Моментално со своите соборци, машки колеги против ИД се борат околу 10.000 курдски жени. Странските медиуми ги нарекуваат кошмар за џихадистите бидејќи према искривеното гледање на Исламот од страна на ИД тие веруваат дека доколку некоја од овие жени ги убие нивните души наместо во рајот, ќе одат во пеколот.

„Џихадистите на жените им ги кратат дури основните права. Кога ќе се сретнат со овие жени тоа е за нив прав пекол. Затоа ќе биде вистинска иронија доколку овие курдски жени ги поразат ИД“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top