| четврток, 6 декември 2018 |

Познат епидемиолог: Ширењето на еболата во светот е планиран геноцид

Eден од најпознатите светски епидемиолози, Томислав Првуловиќ во едно интервју тврди дека ширењето на еболата во светот е еднакво на планиран геноцид. Тој вели  дека на претседателката на Светската здравствена организација Маргарет Чен треба да и се суди, зашто дозволила еболата да покоси толку многу животи.

tomis

Наместо да одат во Западна Африка и да ја сопрат епидемијата, според него, најодговорните луѓе се занимаваат со прогнози, од типот дека до Нова година, од вирусот ќе заболат 1,5 милион луѓе.

– Мојот шеф, легендарниот Џонатан Ман ја откри еболата со д-р Пјот од од Белгија во 1976-та. Ние знаевме какви чекори преземаме. Сега се бориме со вирус, кој како и ХИВ вирусот, може да се се смени. Ако тоа се случи, ќе биде многу тешко да се бориме, изјави Томислав Првуловиќ, епидемиолог од Њу Џерси.

Според Првуловиќ, за сузбивање на еболата неопходен е диктаторски пристап – тотален карантин за сите заболени и за сите лица кои биле во контакт со нив. За починатите итно кремирање, со задолжителна асистенција на војската или полицијата.

– Имавме една поголема епидемија во Судан во 1979-та. Имавме 300 починати. Но, никогаш не се откажавме, не рековме дека сме поразени и дека не можеме да ја контролираме, изјави Првуловиќ.

Првуловиќ, кој беше номиниран и за Нобелова награда за медицина, тврди дека досега можел да се изготви серум од крвта на оздравените пациенти, кои стануваат трајно имуни. Тој објаснува дека овој лек за почеток можел да спаси 40 проценти од заболените, во услови кога смртноста во Афика е двојно поголема. Тој не вели дека е предоцна, но оти човештвото ќе мора да научи да живее со еболата.

– Многумина велат дека еболата исчезнува. Не, таа е се уште тука и за жал ќе биде тука, вели на крајот Првуловиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top