| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

индустриски

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември годинава се повисоки за 0,2 отсто на месечно, а пониски за 1,3 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со август 2014, продажните цени се повисоки во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто и Енергија за 0,2, додека во групата Интермедијарни производи, освен енергија и во групата трајни производи за широка
потрошувачка, се останати на исто ниво.

Во споредба со септември 2013 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата капитални производи за 5,2 отсто, во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 и во групата енергија за 1,4 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top