| четврток, 6 декември 2018 |

Жак де Тоуф: Тодоров има визија за унапредување на здравствениот систем

Доктори од најреномираните медицински центри ширум светот постојано доаѓаат во Македонија, а нашите медицински кадри одат на обуки во странство што говори за успешноста на владиниот проект. Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска потпиша меморандум за соработка со претседателот на еминентната фондација „Хелт Кеар Белгиум“ (Health Care Belgium),  доктор Жак де Тоуф.

todorov 2

-Станува збор за проект кој се спроведува на високо ниво, со целосна поддршка на здравствените власти во Македонија и вклученост на Министерот за здравство. Македонскиот министер за здравство има визија за унапредување на здравствениот систем, изјави претседателот на фондацијата д-р Жак де Тоуф.

Присутниот претставник на „Хелт Кеар Белгиум“, кардиохирургот д-р Дидие де Каниер, истакна дека министерот за здравство на Република Македонија вложи многу за претставување на инвазивната кардиохирургија, а воедно ја постави кардиохирургијата како една од приоритетните области за развивање на меѓусебната соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top