За полковникот Моамер Гадафи: „Ќе го паметиме Гадафи целиот живот како голем борец, револуционер и маченик“. (2011)
За претседателот на Сирија, Башар ал Асад: „Како може да не го поддржувам Асад? Тој е легитимен лидер на Сирија“. (2012)
За претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе: „Ти, исто како Боливар, се крена со оружје да го ослободиш својот народ. Ти си и ќе бидеш како Боливар, вистински борец за слободата“. (2004)
За Иди Амин, покојниот претседател на Уганда: „Голем националист и патриот“. (2009)
За Џорџ Буш: „Кукавица, убиец, извршител на геноцид, алкохоличар, лажго, неморална личност, господин Опасност. Најлош меѓу најлошите на оваа планета“. (2006) „Ѓавол, олицетворение на ѓаволот. Вчера овде беше ѓаволот. Токму овде (се крсти). И денес сè уште смрди на сулфур“. (2006)
За Кондолиза Рајс: „Таа е сексуално фрустрирана. Би можел да ја поканам да излеземе за да видам што би се случило меѓу нас“. (2005)
За Барак Обама: „Ти си измамник Обама. Оди и прашај ги луѓето во Африка, кои можеби поради твојата боја на кожата ти верувале, поради тоа што татко ти е од Африка. Ти потекнуваш од Африканците, но претставуваш срам за сите тие луѓе“. (2011)
За Кристофер Колумбо: „Кристофер Колумбо беше претходник на најголемата инвазија и геноцид кои некогаш се извршени во историјата на човештвото“. (2003)
За богатството: „Да се биде богат е лошо, тоа е нехумано“. (2005)
За Израел: „Израелците многу го критикуваат Хитлер, исто како и ние, но тие направија нешто слично, уште полошо од тоа што го направија нацистите“. (2006)
За кокаинот: „Џвакам листови од кокаин секое утро, па што ми фали!“ (2008)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.