| четврток, 6 декември 2018 |

Дозвола за градба ќе се вади преку интернет

zgrada karpos

Дозволите за градење од 1 јуни ќе се издаваат по електронски пат. Новиот софтвер, што за таа намена го изготви ЗЕЛС во соработка со Агенцијата за електронски комуникации, ќе овозможи дозвола за градба да се добива за 15 дена доколку предметот е со комплетна документација, а не за 45 како што беше досега.

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска го промовираше електронското решение за управување со дозволите за градење, за кое рече дека ќе биде поттик за странските инвеститори. Барањата за издавање одобрение за градење ќе се примаат по електронски пат директно во дигитална форма, а целиот процес од доставувањето на барањето до издавањето на одобрението за градење ќе опфаќа само четири чекори.

До 1 јуни ЗЕЛС на средби со граѓани и приватниот сектор ќе го презентира системот со цел прифаќање на евентуалните забелешки, а паралелно ќе се врши обука на администрацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top