| четврток, 6 декември 2018 |

Курдите побеснеле поради „Х&М“

H&M KURDIСоцијалните мрежи овие денови се полни со коментари во врска со шведската компанија  „Х&M“ и нивните колекции за есен/зима. Маслинесто зелениот комбинезон од колекцијата претставен  со кафеав ремен и војнички чизми, им дало на Курдите повод за протести.

Во ова време, тие сакаат да заработат од храброста на жените кои се борат за Курдите. Тие треба да се засрамат!” ова е еден од коментарите на Фејсбук, пишува “Дејли мејл”.

И други корисници на социјалните мрежи, исто така, ја осудуваат комерцијализацијата на “традиционалните воени униформи“, додека некои сугерираа делот од заработката од комбинезоните на компанијата „Х&М“ да се даде на курдските борци и нивните семејства.

Шведската компанија по таквите коментари се извини дека “намерата нивна не била да го имитираат стилот на курдската војска.

“Нам ни е навистина жал ако сме навредиле некого со овој модел, навистина тоа не беше нашата намера“, соопштиле од службата за односи со јавност на „Х&М“

Од компанијата велат дека  се обидуваат да “слушаат за потребите на своите клиенти, а во последно време комбинезоните се особено баран модел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top