Предупредување за поставена бомба на аеродромот „Мајка Тереза“ во Тирана утрово ги крена на нозе властите во албанскиот главен град.
Големи полициски сили се на аеродромот во обид да ја проверат заканата.
Алармот е даден откако во еден од тоалетите на аеродромот е пронајдена сомнителна торба. Истата ја видел патник, по што биле известени аеродромските, а потоа и полициските власти. Тоа предизвикало паника меѓу патниците, кои се евакуирани од просториите на аеродромот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.