Ние денес не можеме ни да го замислиме животот без своите паметни телефони, но ниту со нив не треба да се претерува.
Во продолжение неколку јасни знаци на опседнатост со мобилните телефони, со предупредување дека таквото однесување може и тоа како да ги наруши односите со другите луѓе.
1. Само преку телефон
Ако дружењето во живо со пријателите ти се чини како далечно минато, имаш проблем. Телефонските разговори, четот, Фејсбукот и Твитерот никако не смеат да бидат единствен начин на поврзување со нив.
2. Во тек на вечера
Нема ништо поиритирачко од ситуација во која седнуваш со пријателите на кафе, ручек или вечера и почнеш да „го чепкаш“ по мобилниот. Со тоа на луѓето им покажуваш дека мобилниот ти е поважен од нив, а кој сака да се дружи со такви?
3. Важни разговори
Посебно иритира кога пријателот или партнерот сакаат да се доверат за некој проблем, без разлика дали тоа те интересира или не, а ти гледаш во екранот на својот мобилен телефон. Мобилниот сигурно ќе направи да пропуштиш делови од разговорот, кои можат да бидат многу важни, а токму така луѓето се оддалечуваат.
4. Нормална интеракција
Некои луѓе толку се вовлекуваат во виртуелниот свет, што почнуваат да забораваат како нормално се комуницира со другите. Разговорите стануваат бавни и чудни, а често луѓето имаат и тенденција да се издвојат од групата, за да се посветат на својот мобилен телефон.
5. Арогантност
Можеби тоа не го гледаш, но животот во виртуелниот свет, во некои ситуации ќе те направи незаинтересирано и арогантно лице, а ништо од тоа нема да биде добро за твоите односи со другите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меј, Меркел, Ердоган и Рама на мобилен телефон го гледаа полуфиналето на СП (видео)
-
Вознемирувачко видео: Лифт и ја откина ногата зошто гледаше во мобилниот телефон
-
Зошто дигиртонот и телефонот имаат различен распоред на броевите?
-
7 тајни опции кои ги има секој телефон, а за кои не знаат 95% од корисниците