
„Љубовта е чудна работа“ на режисерот Ајра Сакс од 16 октомври ќе почне да се емитува во кината во Македонија.
По 39 години поминати заедно, Бен и Џорџ решаваат да ја искористат можноста да се венчаат благодарение на новиот закон за геј бракови. Меѓутоа, по враќањето од меден месец, одеднаш сѐ тргнува на лошо. Бен добива отказ од долгогодишната позиција како хорски директор во Католичкото училиште и парот сфаќа дека повеќе не може да ја плаќа киријата за станот. Тие се принудени да се раздвојат и тоа првпат по повеќегодишен заеднички живот. Дали ќе успеат да ги надминат препреките или ќе се помират со ситуацијата дека не можат да останат заедно?
Во оваа трогателна драма на американскиот режисер Ајра Сакс главните улоги ги толкуваат брилијантните актери Џон Литгоу, Алфред Молина и Мариса Томеи. Филмот е прикажан на многу фестивали, како Берлинале, Трибека Филм Фестивал, Санденс Филм Фестивал, а критичарите дадоа одлични коментари:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


