Можеби се сеќавате на Кели Мекгилис од популарниот филм „Топ ган“, во кој играше фатална русокоса, но годините поминуваат, а луѓето се менуваат.
Кели во легендарниот филм се појави како прекрасна русокоса девојка која го освои пилотот во „Топ ган“, младиот Том Круз. Оттогаш поминаа 25 години, а познатата актерка се потсетила на нејзините почетоци и на фамозниот бакнеж со Том Круз.
– Mи изгледа како цела вечност да поминала од тогаш. Кога го снимав тој филм, не ни помислував дека денес ќе биде толку популарен. Да бидам искрена, изненадена сум поради тоа – изјавила 55-годишната Кели.
Што се однесува до жешките сцени со Том, особено бакнежите на крајот, Кели открила дека сцената е снимена во сенка бидејќи тогаш прифатила друга улога за која ја скратила и потемнила косата.
-Да, за тоа време снимав друг филм, затоа сцената во лифт ја снимав со перика на главата, а самата сцена со бакнежите ја одигравме во снека, се потсетува ѕвездата на филмот кој ги одбележи 80-тите години на минатиот век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


