| четврток, 6 декември 2018 |

Ана го прошета Бастијан низ Белград

Како што пренесуваат српските медиуми, најдобрата српска тенисерка Ана Ивановиќ и германскиот репрезентативец Бастијан Швајнштајгер викендов се видени во Белград.

Двојката е видена во еден ресторан во Земун во друштво на братот на Ана, Милош, и неговата девојка.

Поради тоа што беше повреден, капитенот на германската репрезентација го пропушти квалификацискиот натпревар за ЕП против Полска, па така слободното време го искористи за прошетка.

Очигледно дека тенисерката и фудбалерот веќе не сакаат да ја кријат врската.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top