Додека голем број села низ Македонија имаат се помалку жители и изумираат, битолското село Егри е редок пример каде детскиот џагор е секојдневие. Овде голем е бројот на семејства кои имаат повеќе деца. Дури 25 семејства во Егри имаат по три деца.
-Уште од порано сакав да имам три деца а и па не се многу, се разбира мораш да имаш услови за да ги гледаш. Порано како имале по многу деца, јас сакам уште едно, бидејќи се уште сме млади има време, изјави Наташа Талевска, мајка на три деца од с.Егри.
Денеска селото го посетија од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ. Токму со цел да го поттикнат наталитетот поддржувајќи ги многудетните семејства тие денеска им донираа играчки и книги.
-Ако си го организираш времето воопшто не е тешко едноставно само распределба подобра на работите, изјави Татијана Дејковска Дамчевска, мајка на три деца од с.Егри.
Владата на Р.Македонија прави планови и воведува низа мерки за зголемување на наталитетот
-Владата континуирано помага на повеќедетните семејства. Тоа го покажува со тоа што беа воведени мерки за стимулирање на наталитетот односно е обезбеден паричен надоместок за трето дете, изјави Даниела Рангелова претседател на УЖ ВМРО-ДПМНЕ.
Од Унијата на жени велат дека активностите за поддршка на многудетните семејства ќе продолжат и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.