
Едвард Сноуден во своето последното интервју, одговара на прашања во врска со заштитата на приватноста. Според него луѓето треба да користат енкрипција на податоци, но исто така и да престанат со користење на услуги кои се штетни за приватноста.
– Прво, треба да се ослободите од Dropbox, бидејќи не поддржува енкрипција. Разгледајте алтернативи, како што се SpiderOak – вели Сноуден.
Тој, исто така, укажува на тоа дека, иако Фејсбук и Google ја подобрија заштитата на приватноста, остануваат „опасни сервиси” кои луѓето треба да ги избегнуваат.
Неговиот последен совет на оваа тема е: „Немојте да испраќате неенкриптирани пораки, наместо тоа користите ги услугите како што се RedPhone и Silent circle.“
Претходно во текот на интервјуто, Сноуден ги негираше наводите дека зголемената енкрипција во iOS ќе ги загрози напорите во врска со борбата против криминалот.
Тој вели дека безбедносните служби сѐ уште да бидат во можност да добијат налог за пристап до информациите од телефонот на било кое осомничено лице, вклучително и до енкриптираните податоци. Ако сакате да знаете за што се зборуваше Сноуден, целото интервју, видете го во продолжение.
За време на виртуелното интервју со Сноуден беше прикажан и трејлерот за филмот снимен по неговата приказна, во која главна улога има самиот Едвард и неговата девојка која му се придружи во Москва по неговото бегство од САД. Трејлерот за филмот беше прикажан токму во хотелот од каде Сноуден побегна за Москва. Критичарите велат дека ова ќе биде најгледан филм по Доктор Живаго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


