| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсени навивачи по немирите во Букурешт

APTOPIX Romania Hungary Euro Soccer

Триесет навивачи се уапсени поради немирите за време, во текот и по натпреварот Романија – Унгарија (1:1) во квалификациите за ЕП 2016. Според потпаролот на романската полиција, Ирин Драгон, петмина навивачи добија забрана за посетување на фудбалски натпревари во наредните година дена.

Нередите започнале во близина на Националниот стадион, а потоа се прошириле по целиот град, по што полицијата во повеќе наврати морала да интервенира и користи солзавец.

До инцидентот дојде кога навивачите започнале да се гаѓаат со петарди, ракетии димни бомби, додека гостите од Унгарија го уништиле автобусот со кој допатувале во Романија.

Локалните медиуми пренесуваат дека за време на судирот приведени се 46лица, од кои 12 се задржани во болница поради здобиените повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top