Шпанецот Марк Маркез е вистинско спортско чудо и си заслужи место во аналите на Мото Гран При трките, откако денеска ја освои и втората титула во втората сезона како учесник во мото трките.
Маркез лани како дебитант во најсилната класа на сензационален начин ја збриша конкуренцијата, а и оваа сезона беше најдобра. Со второто место во Мотеги, Јапонија, 21-годишниот Шпанец стана недостижен на врвот во Генералниот поредок со 312 поени, 82 пред Педроса и Роси.
Во Јапонија победи Лоренцо, пред Маркез и Роси. До крајот на овој циклус има уште три трки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


